Прогнозата за времето за утрешниот ден во Македонија најавува сончево време со мала до умерена облачност, свежи температури и ветер од северен правец, а следат и промени во текот на наредните денови.
Минималната температура утре ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена.
Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.








