Делови од Карпош утре без вода

Макфакс

22/09/2026

18:07

129

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и Канализација известува дека утре делови од општина Карпош ќе останат без вода поради дефект на приклучна цевка на улица Мексичка 10, со прекин во водоснабдувањето од 9 часот до завршување на работите.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре без водоснабдување ќе останат:

· поради дефект на приклучна цевка на Мексичка 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Мексичка, дел од Варшавска, дел од Хелсински, дел од Ташкенска, дел од Хаванска и дел од Париска, општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.