Без струја утре делови од општините Бутел, Кисела Вода и Карпош

Макфакс

22/09/2026

18:06

133

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија АД известува за прекини во снабдувањето со електрична енергија утре во одредени делови од општините Бутел, Кисела Вода и Карпош поради планирани технички интервенции.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:

· во периодот од 07.55 до 09.55 часот, дел од корисниците од улиците Тале Христов и Костурска, општина Бутел;

· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Мишко Михајловски и улицата Емил Зола, општина Кисела Вода;

· во периодот од 10.05 до 12.05 часот, дел од корисниците од улица Боро Меков, општина Бутел;

· во периодот од 13.00 до 14.00 часот- корисниците од улица Варшавска, општина Карпош.