Лахоз: Реакцијата на Валверде направи Канг Ин да избегне црвен картон

Дерби

22/09/2026

12:40

177

Големина на фонт

а а а

Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал се уште ја бранува јавноста на Пиринеите, а во целата дебата се вклучија и врвни судиски имиња кои во минатото играа клучна улога на теренот.

Матеу Лахоз важи за еден од најдобрите шпански судии на сите времиња, па како таков, вели дека Ортиз и луѓето во ВАР направиле голем превид во една ситуација, онаа кога не му беше покажан директен црвен картон на Канг Ин.

Не само што не беше исклучен, фудбалерот на Атлетико не доби ниту јавна опомена за опасниот старт на Феде Валверде, а според Лахоз, капитенот на Реал помогнал сликата да не изгледа толку опасно каквашто всушност беше.


– Сите ја видовме фотографијата и замрзнатата снимка од моментот. Не може да видите почист црвен картон од тоа, станува збор за опасен старт со отворен ѓон и има голема опасност од тешка повреда.

– Навикнати сме да гледаме црвени картони во вакви ситуации, а сметам дека реакцијата на Валверде направи ВАР да не се активира и да не го разгледува случајот. Валверде не се жалеше и брзо стана, но тоа не е причина да не се активира ВАР. За жал, во ВАР се почесто гледаме повеќе математика, отколку фудбал, – заклучува Лахоз.