[ФОТО] Мицкоски во ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот

Макфакс

22/09/2026

12:46

265

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде што ја претставува Македонија и учествува во разговори за глобалните предизвици, мирот и безбедноста на светско ниво.

Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот, напиша премиерот, Христијан Мицкоски, на Фејсбук. Тој учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации. Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка“, напиша Мицкоски.


„Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси“, додаде премиерот.