[ФОТО] Наполи го има најлошиот старт во Серија А во последните десет години

Дерби

22/09/2026

07:06

391

Големина на фонт

а а а

Поранешниот италијански шампион Наполи нема добар старт на сезоната 2026/2027 во Серија А и по пет одиграни кола освои само седум бода што е доволно за деветто место на табелата што е далеку од она што е цел за клубот од југот на Италија.

Многу работи ќе треба да се променат во продолжението затоа што ако истото не се случи Масимилијано Алегри може да биде минато.

Ова е најлошата сезона за наполитанците во последната деценија и тоа го потврдуваат бројките. Имено ова е најлошиот почеток за поранешниот тим на Елиф Елмас од кампањата 2025/2026 кога во истата фаза од шампионатот беа освоени само шест бода под водство на Маурицио Сари.


Првиот предизвик за Наполи по репрезентативната пауза ќе биде соочувањето со Фрозиноне, состав кој со 10 бода е на шестото место и е едно од најпријатните изненадувања.