Саха го издвои фаворитот за пехарот во Премиер лигата: Комбинацијата од сила и…

Дерби

22/09/2026

06:54

622

Големина на фонт

а а а

Луис Саха долго време настапуваше на островот и тоа повеќе од една деценија, период во кој беше дел од Њукасл, Фулам, Манчестер Јунајтед. Евертон, Тотенхем и Сандерленд.

Најдобрите индивидуални изданија ги имаше во Фулам, додека најплоден период беше оној во Јунајтед, тим со кој освои пехари во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Французинот денеска нема некоја проактивна улога во некој клуб, репрезентација, но го имаме како стручен аналитичар, коментатор и некогашниот напаѓач даде една интересна прогноза за трката за пехарот во ПЛ. Иако за многумина Арсенал е главен фаворит за тронот или поточно да остане на истиот, Луис е убеден дека во подобра позиција е Манчестер Сити.

-Мислам дека сите би се согласиле оти Арсенал го имаше најдобриот моментум, иако го загубија кон крајот [на минатата сезона]. Мислам дека Сити сега ги сфати своите грешки; иако сè уште воведуваат млади играчи, тие веќе го поседуваат потребното искуство. Спојот на сила и креативност во средниот ред е огромен, па навистина сметам дека тие се најсилни.

-Истото важи и за клупата – со оглед на тоа што се враќа и Џереми Доку, тоа навистина е застарувачки, -смета Саха.