Марк Касадо беше еден од милениците на Ханси Флик во првата сезона на Германецот во Барселона, но како што одминуваше времето, силната конкуренција направи големиот работник во средниот ред да се претвори во четврта или петта опција.
Касадо беше еден од играчите кои беа отпишани од Флик и тој направи трансфер на крајот на летниот преоден рок, но тоа што требаше да претставува период во кој ќе се аклиматизира во новата средина, сега се претвора во фаза во која ќе има долга рехабилитација.
Марк го избра Депортиво како тим кој му нуди гаранција за голема минутажа, но за жал третиот официјален настап за тимот од А Коруња заврши лошо по него.
Касадо ја скрши клучната коска на вчерашниот натпревар со Бетис по едно лошо приземјување, а сега Депортиво потврди дека над фудбалерот итно била направена операција.
Тоа значи дека Касадо ќе биде во аут околу три месеци, а очекувањата се тој да биде подготвен за игра некаде околу Нова година.







