[ФОТО] Јован Јованов и Елвир Мекиќ направија светско шоу во Штип - пееја пред преполн стадион на Пастрмалијада

Точка

21/09/2026

09:06

664

Големина на фонт

а а а

Јован Јованов и Елвир Мекиќ направија вистински светски концерт на Пастрмалијада во Штип и ја фрлија во делириум публиката на преполниот градски стадион.

Од оние кои растеа со нивните песни пред околу дваесет години, до помладите, кои ги засака хитовите на Елвир и Јован во последниве години, немаше некој што остана рамнодушен на шоуто што го подготвија двајцата музичари.


Час и половина одлична музика, видео ефекти, придружувани од танчери на секоја песна, Јован и Елвир пееја, играа, а и самите уживаа во концертот. Ја почувствуваа позитивната вибрација од публиката и ѝ вратија со уште поголема енергија.

Наздравија за своите починати колеги, Андреј и Панчо од ДНК и Владо Јаневски, и во нивна чест ги испеаја „Полна месечина“ и „Евергрин“, додека целата публика пееше во еден глас со нив. Емоциите се разгореа и додека Елвир ја пееше „Лично твој“, дуетот што го сними со Гоце Арнаудов, додека во позадина одеше спотот на песната.


Додека се редеа хитовите „Магија“, „Армија“, „Делириум“, „Адреналин“, „Некаде после 2“, „Светло се гасне“ и „Диџеј“, публиката играше во ритамот на музиката, а потоа со овации ги испратија Маја Саздановска и Тони Зен, кои беа специјални гости на концертот и кои со Јован и Елвир ги пееја „Ти ме сакаш знам“, „Опасно“, „Ич не ме боли„ и „Итно ми требаш“.

По скопскиот концерт, кој постави стандарди за тоа како треба да изгледаат концертите на домашните музичари, Јован и Елвир во Штип уште еднаш покажаа дека се родени за на сцена.


А сите што не успеаја да дојдат на еден од претходните два концерта, фантастичното шоу на Јован и Елвир ќе можат да го видат на 25 септември (петок) во Радовиш, на манифестацијата „Самун ем Татлија“, од 23 часот.