[ВИДЕО] Селин Дион лудо се забавува во Париз: По враќањето од концерт, боса се качила на автомобил па запеала со обожавателите

Точка

20/09/2026

09:46

605

Големина на фонт

а а а

Селин Дион се врати на сцената со концерт во Париз, а во рамки на резиденцијата ќе одржи уште 15 настапи во овој град. Се чини дека лудо се забавува за време на оваа серија настапи, а по последниот концерт, таа им приреди шоу на обожавателите собрани пред хотелот.

Светската музичка ѕвезда уште еднаш ја демонстрираше својата непосредност и блиска врска со публиката за време на престојот во Париз. Откако одржа еден од концертите во склоп на резиденцијата во Париз, таа пристигнала пред луксузниот хотел „Le Royal Monceau“ каде што престојува и им подарила на собраните обожаватели ноќ за паметење.


Пејачката ги соблекла чевлите и се качила боса на хаубата на црн автомобил за да биде што е можно поблиску до насобраната толпа. Потоа со нив го отпеала својот хит „Pour que tu m'aimes encore“.

Снимката од овој спонтан момент набрзо се прошири на социјалните мрежи, а тоа е само една од низата средби на пејачката со обожавателите во Париз кои ја следат откако го одржа својот прв концерт по долгата пауза поради болеста.


Паузата во нејзината кариера дојде откако во декември 2022 година откри дека ѝ е дијагностициран синдром на вкочанета личност (SPS), што ја принуди да ја откаже својата светска турнеја „Courage“. Станува збор за ретко автоимуно и невролошко нарушување кое предизвикува прогресивна мускулна вкочанетост и грчеви, а за кое во моментов нема лек.


Поради огромниот интерес на публиката, пејачката неодамна го продолжи својот престој во Париз на вкупно 16 концерти, кои ќе траат до 14 октомври.