Пронајден и уапсен бегалец од затворот Идризово

Макфакс

18/09/2026

14:00

146

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници го уапсија бегалецот А.М. од Дебар, кој што избега од казнено-поправната установа Затвор Идризово. Лицето е осудено за производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Денеска во 09:15 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага по цел, во Дебар го лишиле од слобода лицето А.М. 33-годишник од Дебар, кое било во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.

Лицето е осудено на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

А.М. е предаден на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар за понатамошна постапка.