Во Штип, 59-годишен мопедист изгубил контрола и паднал на крстосница, при што се здобил со тешки телесни повреди. Инцидентот бил пријавен веднаш, а на местото извршен увид од страна на полицијата.
Вчера околу 14:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од улицата „Сремски Фронт“ со улицата „Борис Крајгер“ во Штип, 59-годишниот Н.С. од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиника болница Штип.
Извршен е увид од увидна кипа на СВР Штип.








