Прегазена скопјанка: Со тешки повреди пренесена во болница

Макфакс

18/09/2026

13:20

222

Големина на фонт

а а а

Во Скопје вчера беше пријавена сообраќајна несреќа во која автомобил удри во жена, која се здоби со тешки повреди и беше пренесена во болница. Увид изврши полицијата.

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Ж.Д. од Скопје, удрило во 49-годишната Е.Д. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.