Прв список на Де ла Фуенте по освоената светска титула: Двајца новајлии и двајца повратници во националниот тим

Дерби

18/09/2026

12:09

181

Големина на фонт

а а а

Луис де ла Фуенте го запиша своето име во шпанската фудбалска историја на средината на месец јули, кога заедно со своите избраници успее да ја донесе втората светска титула за Шпанија на Светските првенства.

„Фуријата“ издоминира на мундијалот и покажа дека е најдобра светска селекција во овој момент, а два месеци по остварениот голем успех, Де ла Фуенте мора да продолжи напред.

Шпанскиот селектор го објави првиот список пост-мундијалските возбудувања, па иако на истиот се голем дел проверени имиња, има и мали промени.

Жоан Гарсија е недостапен поради повреда, Маркос Љоренте објави пензија, а Гави и Борха Иглесијас останаа без повик од селекторот поради технички причини.

Тоа значи дека Де ла Фуенте мораше да бира четири други имиња, со тоа што новајлии се голманот Хосеп Мартинез и напаѓачот Роберто Фернандез, а повратници се Фермин Лопез и Дин Хаусен.

Интересно, Шпанија ќе има гостување кај Англија на отворањето на новата сезона во Лигата на нации, а во овој прозорец ја чекаат и два дуели со Хрватска и еден со Чешка.