Аморим: Сакам да играме фудбал, а за да играме…

Дерби

17/09/2026

13:38

204

Големина на фонт

а а а

Милан игра лошо на последните неколку натпревари, беше недвидлив во дуелот со Јувентус на кој со една шанса, удар дојде до бод, потоа со Лацио се разбуди дури во вториот дел за да остане непоразен на „Олимпико“, но вчера загуби од Бенфика со 2-0 и тоа во соочувањето во Лига Европа.

Многу повеќе се очекува од „црвено-црните“ и од тренерот Рубен Аморим кој се мачи да ја пронајде комбинацијата која ќе донесе резултати.

- Приказната за мојата идеја се сведува на играње фудбал. За да играме фудбал, треба да ја имаме топката, но си создаваме повеќе проблеми со неа отколку нашите противници. Во првото полувреме, кога примивме гол, целосно ја изгубивме контролата, не го направивме она што требаше. Сакавме сè да направиме премногу брзо. Ја изгубивме топката во ситуации кои беа опасни за нас, од кои можевме да примиме гол.

- Не знам дали има ментален проблем, но ова е втор натпревар по ред во кој не сме во игра во првото полувреме. Кога примаме голови како овој, стануваме нервозни, се вознемируваме и сè станува многу потешко, - истакна Аморим кој запрашан дали ќе ја менува формацијата или ќе остане на 3-4-2-1, тој порача:

- Постојано се менувам, треба да почнеме со основата, имаме два месеци работа. Вечерва загубивме, но ќе најдеме решенија за да се прилагодиме на овие натпревари, бидејќи треба да создадеме идеја, но исто така треба да победиме, па секако можеме да се адаптираме, - порача Португалецот.

Следно за „росонерите“ е мечот со Лече во Серија А.