Хит видео на социјалните мрежи: Прегратката меѓу испотениот Меси и неговиот син Чиро тргна наопаку

Дерби

18/09/2026

11:35

172

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси беше креатор на нов голем успех на Интер Мајами, тим кој вчера во раните утрински часови го освои Купот на шампионите.

Аргентинецот имаше одлучувачка улога со гол и асистенција во победата од 2:0, а по крајот на средбата, ни пристигна и еден симпатичен момент кој тргна во погрешен правец.

Лео доби честитки од своите најблиски и во потесниот круг се вклучија и неговите синови, но најмалиот Чиро на крајот се оттргна од својот татко.

Најмалиот наследник на Меси ја почувствува миризбата на потта, а откако и Лео сфати дека Чиро не се чувствува најпријатно, ја реши ситуацијата со бакнеж.

Видеото слатко ги насмеа фановите, па симпатичната сцена стана и вирален хит во САД.