Кожан и Тарафета во еден глас: Ова беше луд натпревар, неверојатна атмосфера, да се победи Вардар…

Дерби

17/09/2026

10:50

212

Големина на фонт

а а а

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, Вардар 1961 го претрпе вториот пораз во вториот натпревар од групната фаза во најквалитетното ракометно натпреварување.

„Црвено-црните“ одново одиграа еден квалитетен меч, но и овојпат како и на сердбата со Мелсунген им недостасуваа нијанси за подобар резултат.

Вардарци одново играа без неколку важни играчи како Лазаревски, Митровиќ и Жоао Педро и можеби токму тие беа оние кои можеа да помогнат Нант да падне во „Јане Сандански“. Меѓутоа тоа е веќе завршена приказна, избраниците на Чупиќ ќе мора да побараат друга можност за победа, додека пак од таборот на Нант се презадоволни што Скопје го напуштаат со целиот плен.

- Најпрво, честитки до Скопје. Ова беше луд натпревар. Вардар одигра многу добро. Знаевме дека ќе биде многу тешко да се игра и да се победи овде.Многу сме среќни, а вечерва имавме и малку среќа. Одигравме силен натпревар, а атмосферата беше неверојатна.

- Како и за Иан, и за мене ова беше првпат во Скопје и беше навистина посебно. Честитки за атмосферата и за натпреварот.Малку сме разочарани бидејќи вечерва имавме и една сериозна повреда, но победивме. Ги освоивме двата бода и на крајот можеме да бидеме задоволни, - порача тренерот Грегори Кожан.

- Ова беше луд натпревар. За мене ова беше прво гостување кај Вардар и со нетрпение очекував да играм тука и да ја почувствувам оваа атмосфера. Навистина беше неверојатно – навивачите, атмосферата и екипата. Мислам дека ова беше многу цврст натпревар од почетокот до крајот. Многу сме среќни поради победата. Ова беше натпревар исполнет со многу емоции. Двата бода се наши и навистина сме многу задоволни, - истакна пак бекот Иан Тарафета.