Ждрепка за Карабао купот: Големо дерби на „Енфилд“, Арсенал го доби тимот со најслаб ранг

Дерби

17/09/2026

11:09

250

Големина на фонт

а а а

Паровите за осминафиналето на англискиот Карабао куп се одредени уште доцна синоќа, односно по завршувањето на натпреварите кои беа на програмата во текот на вчерашниот ден.

Арсенал за противник го доби Флитвуд, единствениот претставник на Лига 2 во оваа фаза на натпреварувањето, а останува да се види како ќе се снајде на гостувањето кај четвртолигашот.

Ливерпул и Челси ќе го одиграат дефинитивно најинтересниот пар, а Манчестер Сити ако го помине Норич ќе има незгодно соочување со Брајтон.

Борнмут и Астон Вила комплетираа уште една интересна премиерлигашка пресметка на две екипи кои играат во Европа, а тука се и дуелите Сандерленд-Брентфорд, Фулам-Кристал Палас и Евертон-Њукасл.