Седлоски за голгетерот од МЛС лигата: Нема никого да молиме да игра за Македонија

Дерби

16/09/2026

13:11

296

Големина на фонт

а а а

Македонија ја очекува настап во новото издание на Лигата на нации, издание во кое сега сме во поквалитетна група, повисоко ниво и ќе имаме далеку посериозни противници како Швајцарија, Шкотска и Словенија.

Селекторот Гоце Седлоски објави список од 28 играчи, список на кој го немаше еден од најдобрите голгетери во МЛС лигата - Милан Илоски.

Илоски со 12 погодоци е рамо до рамо со Луис Суарез, а со оглед на тоа што имаме проблем со реализација, головите, изгледа како некое решение, но засега нема ништо до таа опција.

- Со Илоски е разговарано и пред мечот до Данска и потоа. Николче Новески беше во контакт со него. Во првиот разговор тој рече дека имал важни клупски обврски, во вториот дека ќе размисли па ќе каже. Но, уште немаме одговор. Нема никој да молиме да игра за Македонија, - истакна Седлоски кој говореше и за Матеј Гаштаров од Црвена Звезда, фудбалер кој е повикан, фудбалер кој Србите се обиделе да го убедат да игра за нивната земја.

- Гаштаров го гледам во средината, но може да одговори на повеќе позиции. Србите пробуваат да ни го земат, но тој ми кажа дека „Со душа чека да дојде и да настапи за Македонија. Мислам дека ова момче ќе се појави во понеделник на собирот и ќе биде со нас, - порача селекторот.