Суперкомпјутер ја состави завршната табела во ЛШ, Арсенал, Барселона и Сити нема да бидат во Топ 8

Дерби

16/09/2026

12:26

243

Големина на фонт

а а а

Лигата на шампионите неколку години веќе се игра по нов формат, имаме лигашка фаза во која екипите играат по осум кола по кои оние кои се во топ 8 ја избегнуваат првата нокаут рунда, а оние од 9. до 24. место водат битка да се најдат во осминафиналето.

Едно коло е зад нас, за второто ќе почекаме затоа што е во октомври со тоа што овој меѓупериод сигурно ќе биде исполнет со интересни работи како што е предвидувањето на суперкомпјутерот за тоа како ќе изгледа завршната табела на овој прв дел од ЛШ.

Според оваа симулација во Топ 8 ќе имаме екипи како Галатасарај, Бетис, Спортинг, па и непредвиливиот Манчестер Јунајтед, додека плејоф ќе мораат да играат клубови како Арсенал, Ливерпул, Барселона, Манчестер Сити, Интер…

Занимливо е и тоа што се предвидува дека два италијански тима ќе биде елиминирани - Рома и Комо.