Десетте најплатени играчи во Евролигата доаѓаат од четири клуба

Дерби

16/09/2026

12:08

225

Големина на фонт

а а а

Сè поблиску сме до стартот на новата сезона во Евролигата, најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континент.

Од 24 септември започнуваат возбудувањата во Евролигата и тоа во сезона во која имаме доста клубови со високи амбиции, екипи со прашалници што е најава за кампања во која ќе уживаат фанови.

Тимовите „горе-доле“ веќе ги имаат формирано своите ростери и специјалзнираниот кошаркарски портал „Јурохупс“ излезе со топ 10 листа на играчите кои се најплатени.

Тоа што е впечатливо е дека во оваа десетка имаме играчи кои се само од четири клуба, грчките великани Олимпијакос и Панатинаикос, Дубаи и Хапоел Тел Авив.

На врвот останува Василије Мициќ со 5,6 милиони долари по што следува тројката од ПАО, Кендрик Нан, Гершон Јабуселе и Најџел Хејс-Дејвис.