Карим Бензема од 2023 година е надвор од европскиот фудбал и тоа со ангажмани во Саудиска Арабија, прво во Ал итихад, потоа во Ал Хилал.
Сега Бензема е во потрага по кон клуб, мисија која тешко оди и ветаранот на средина на месец септември е без тим. Тој се поврзува со враќање во Европа, Олимпил Лион беше сериозна опција меѓутоа некои работи не се поклопија, а во последниве денови се говореше за негово можно доаѓање во Германија.
Баер Леверкузен наводно покажа интерес за 38-годишниот напаѓач, ама колку ова било веродостојно говори пораката од оперативецот на „фармацевтите“ Симон Ролфс.
- Нашиот состав е комплетиран, - порачал спортскиот директор.







