Ливерпул е една од екипите за која има доста прашалници кога е во прашање оваа сезона, тим кој има квалитетни индивидуалци, играчи за кои беа издвоени огромни пари, но дали истите можат да се поврзат и донесат резултати за премиерлигашот е сосема друга приказна.
Александер Исак и Флоријан Вирц се играчи кои не ги оправдаа очекувањата во првата сезона, фудбалери за кои беа платени над 100 милиони евра, листа на која летово беше додаде Бредли Баркола од Пари Сен Жермен.
„Црвените“ платија 123 милиони фунти за Французинот кој одигра три средби, на две од нив беше и стартер и не остави некој впечаток, па стигнаа и првите критики.
- Се надевам дека навивачите на Ливерпул знаат што добиваат во Бредли Баркола. Постои причина зошто не играше секоја недела за ПСЖ. Тој е зачудувачки, глупаво, смешно колку е брз. Навистина не можам да подвлечам колку е брз овој човек, ќе ги уништи одбраните со својата брзина. Ама кога ќе ја мина одбраната, сум видел подобри луѓе кои избираат додавања. Ќе се обидам да го кажам ова деликатно: тој сè уште не е готов фудбалер.
- Главната работа, што лежи во основата на сè, е тоа што ви треба и простор за трчање. Но, ако сте навистина брзи и играте против низок блок, нема каде да трчате. Во тој момент, ви треба чиста вештина и интелигенција, а не само брзина, - истакна Пет Невин, некогашното крило на Челси и Евертон.







