Трендот на фалење дефинитивно го заобиколи познатиот фудбалер Лука Модирќ, кој неодамна го прослави својот 41-ви роденден и ги објави деталите од таа прослава на Инстаграм. Тортата со свеќи го привлече вниманието на многумина.
Скромната торта за роденден на Лука Модриќ стана хит на социјалните мрежи, исто како и претходните две години. Славниот фудбалер ги прославува своите родендени со мали и воопшто непомпезни десерти, кои се уште еден доказ за неговата едноставност и умереност.

За 41-виот роденден беше избрана помала, класична чоколадна торта украсена со малини, со едноставни свеќички за роденден. Нема јадливи златни детали, скапи глазури или други дизајнерски декорации.
Многу луѓе го споредуваат овој деликатес со луксузните торти што често се гледаат на прославите во овие краишта, а тие се избираат според принципот - колку е поголема тортата, толку е подобра, со цел да се „прикаже луксуз“.

Секако, оние кои сакаат помпезни торти треба да се одлучат за нив, но тие дефинитивно не се за Лука Модриќ, кој живее едноставен живот и ги сака прославите на родендени во кругот на најблиското семејство, па затоа го прослави својот 41-ви роденден со сопругата Вања, нивните деца, Иван, Ема и Софија. Со него беа и неговите родители Радојка и Стипе.
Многумина ја фалат скромноста на славниот фудбалер, како и пораката што ја испраќа со објавување на вакви фотографии, бидејќи тој го става семејството, уживањето во малите работи и способноста да препознае колку се големи малите работи. Исто така, вреди да се напомене дека Модирќ не се фали јавно со своето богатство, кое го стекнал преку својот талент и работа.
Забележливо е дека роденденот поминал без посебно украсување и друг празничен гламур.
Инаку, се проценува дека фудбалерот досега заработил 65 милиони евра, пишува „Celebrity Net Worth“.












