Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез се вклучи во дебатата и го избра својот фаворот во борбата за најзначајната, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот „Златната топка“.
Оваа година се очекува да биде најтесно, најизденачено, нема изразит фаворот и ќе биде интересно да се види епилогот на оваа драма која ќе потреае уште некое време.
Лаутаро нема никакви дилеми и неговиот глас оди кај Лионел Меси.
-Кој ќе ја освои Златната топка? Меси. Без сомнение. Тој е најдобриот во светот. Тој е најдобриот во историјата на овој спорт. Додека е на теренот, ќе има шанса, -вели напаѓачот кој проговори и за одлуката на Лео да стави крај на репрезентативната кариера.
-Знаевме дека веста ќе дојде порано или подоцна, но кога ќе се случи тоа, тоа означува важен момент за сè што Лео претставува за националниот тим и за нашата земја. Имав можност да разговарам со него и му кажав неколку зборови за да му се заблагодарам за тоа како нè научи и нè водеше до победа.
-Тој помина низ тешки моменти и никогаш не се откажа. Тоа е она што го носам во себе, дури и ако поминуваме низ многу интензивни и важни работи секој ден, работи што се важни за нашите кариери и за животот, и тоа е она што го носам во себе, -порача Мартинез.







