Јакуп Хусеини е кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Брвеница

Макфакс

11/09/2026

17:50

244

Големина на фонт

а а а

Вест за кандидатурата на Јакуп Хусеини од ВЛЕН за градоначалник на Општина Брвеница и неговото стручно искуство и познавање на локалните потреби.

Јакуп Хусеини е кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Брвеница

ВЛЕН денеска ја објави кандидатурата на Јакуп Хусеини за градоначалник на Општина Брвеница.

Како што соопштија од ВЛЕН, Хусеини е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Од коалицијата наведуваат дека неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да се запознае со потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува Општината.

„Нашата предност е јасна: не губиме време со приспособување. Јакуп Хусеини ја познава Општината, администрацијата, процедурите и потребите на жителите. Затоа, уште од првиот ден може да биде во нивна служба и да започне со работа и конкретни одговорности“, велат од ВЛЕН.

Оттаму додаваат дека со кандидатурата нудат кандидат со правна подготовка, професионално искуство и непосредно познавање на Општина Брвеница.

„Од првиот ден, во служба на жителите на Брвеница“, порачуваат од ВЛЕН.