Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска оствари работна посета на шест значајни културни установи: Македонската филхармонија, Македонскиот народен театар, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националниот конзерваторски центар и Конзерваторскиот центар – Скопје.
Посетата е дел од најавената и доследно спроведувана практика на министерот лично да ги посети, една по една, сите културни установи во земјава. Целта е непосредно, на самото место, да се запознае со нивната секојдневна работа, условите во кои се создава уметноста и културата, како и со реалните предизвици со кои се соочуваат. Со оваа определба, министерот јасно покажува дека не работи само од канцеларија, туку е присутен таму каде што навистина се создава и живее културата, соопштија од ресорното министерство.
Во текот на посетите, директорите на установите детално го запознаа министерот со тековната работа, програмските активности, кадровските и инфраструктурните предизвици, како и со конкретните проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Разговорот опфати и можности за унапредување на условите за работа, подобрување на соработката меѓу установите и долгорочните планови за развој. Особено внимание беше посветено на програмата за 2027 година, при што беа разгледани приоритетите, финансиските потреби и можностите за реализација на значајни културни проекти.
„Министерството за култура и туризам и понатаму ќе обезбедува целосна поддршка за установите, за нивната работа и програмите, со цел зајакнување на културниот живот, унапредување на уметничкото создавање и обезбедување подобри услови за развој на културното наследство и современата уметност во земјав“.








