[ВИДЕО] Срамна снимка од Радика: Маж фрли купишта отпад од мост, МВР работи на негова идентификација

Точка

09/09/2026

19:39

230

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како маж од мост фрла вреќи и кутии полни со отпад директно во реката Радика, една од најчистите и најубавите реки во Македонија. Снимката предизвика бројни реакции и осуди во јавноста.

Видеото го објави Спортското риболовно друштво „Трофта“ (Пастрмка) од Дебар. На снимката се гледа како маж со комби-возило застанува на мостот на реката Радика кај селото Косоврасти, по што од возилото вади повеќе вреќи и кутии со отпад и ги фрла во реката. Потоа се враќа во возилото и го напушта местото.

Од риболовното друштво остро го осудија ваквото однесување:

„СРАМНО! Ова е реката Радика – една од најчистите и најубавите реки во Македонија. Да фрлаш ѓубре во реката не е „ништо страшно“ – тоа е срам и непочитување кон природата, рибите и нашата иднина. Радика не е место за ѓубре“, порачаа од „Трофта“, повикувајќи да се заштити природното богатство.

Друштвото воедно ги повика надлежните институции да го пронајдат и санкционираат лицето кое се гледа на снимката. меѓувреме се огласи МВР и соопшти дека се преземаат мерки за идентификација на лицето.