[ФОТО] Од русокоса до „џинџерка“: Антониа Гиговска со храбра трансформација блесна во Скопје - светски изглед и бакнежи за синчето

Точка

07/09/2026

14:42

994

Големина на фонт

а а а

Антониа Гиговска повторно успеа да привлече внимание со својот изглед, но овојпат причината не беше само сценскиот стајлинг. Младата пејачка се појави со целосно нова фризура, правејќи една од своите најголеми визуелни промени досега.

Гиговска, која со години ја препознаваме како русокоса, реши да направи храбар чекор и да ја промени бојата на косата. Таа стана вистинска „џинџерка“, а новиот изглед го заокружи и со шишки, со што доби сосема поинаква и впечатлива енергија.


Промената дојде токму во период кога Антониа е особено активна на музичката сцена, по објавувањето на нејзиниот најнов албум „Жена“, проект со кој го потврди својот музички и визуелен развој.

Самата пејачка со доза хумор се потсети на времето пред трансформацијата, објавувајќи фотографии на кои сè уште е русокоса.

„Пред да станам џинџерка“, напиша таа во описот, предизвикувајќи внимание кај своите следбеници.


Новата фризура особено дојде до израз на концертот организиран во Скопје по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија. На сцената Антониа се појави во впечатлива креација во крем боја, збогатена со црвени детали, со потпис на нејзиниот долгогодишен соработник „Сидор“.

Сценскиот изглед го надополни со црвени високи потпетици, кои дополнително го истакнаа впечатливиот стајлинг, додека за нејзината шминка и фризура се погрижи Даниел Николовски.


Но, покрај сценските фотографии и новиот имиџ, посебно внимание привлекоа и оние на кои Антониа позира со својот син Киан.

Гордата мајка сподели неколку искрени моменти со своето малечко момче, кое изгледа преслатко. На една од фотографиите, мајката и синот нежно се бакнуваат, додека на друга се прегрнати, покажувајќи ја блискоста и силната емотивна врска меѓу нив.