На јавните гробишта во Нјергешујфалу, на северот од Унгарија, во саботата се одржа натпревар во копање гробови, на кој учествуваа 38 натпреварувачи распоредени во 19 двочлени екипи.
Натпреварот го организира Унгарското здружение на одржувачи и управители на гробишта со цел да го претстави гробарскиот занает и вештините што ги бара оваа професија, како и да го ублажи табуто поврзано со смртта. Сувата почва, стврдната од летните горештини, се покажа како сериозен предизвик за екипите, кои со копачи и лопати се натпреваруваа кој најбрзо и најуредно ќе ископа гроб.
Победата ја однесоа Роберт Наѓ и неговиот тимски колега Ласло Киш. По завршувањето, Наѓ изјавил: „Брзината овде е најважна, а не убавината“.
Тој додал дека при копањето гроб за погреб мора особено да се внимава на точните димензии и гробот да биде уредно обликуван.
Нивното победничко време изнесуваше 1 час и 21 минута. Според правилата на натпреварот, гробовите мораа да бидат длабоки 1,6 метри, долги 2 метри и широки 0,8 метри. Победничкиот пар ја подели паричната награда од 200.000 унгарски форинти, што е околу 640 долари.







