[ФОТО] Се појави црна мапа на Европа која привлече големо внимание: Над Македонија пишува само еден збор

Точка

04/09/2026

10:42

1.326

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи беше објавена мапа на Европа, на која се прикажани термини што авторот ги смета за „најнови вести“ овие денови во земјите од Стариот континент.

Според мапата, фокусот на јавноста во европските земји се главно политички и безбедносни теми, а може да се види и што е водечко во медиумскиот простор во нашата земја и соседството.


Македонија е означена со терминот „протест“ (protest), што најчесто укажува на политички теми.

Хрватска е означена со терминот „отпад“ (waste), бидејќи нелегалното фрлање ѓубре во Лика со денови предизвикува бура во јавноста, а за време на викендот во Загреб е најавен и протест, објавува „Dnevno.hr“.

БиХ е означена со терминот „кампања“ (campaign), што се однесува на почетокот на изборната кампања и политичката реторика што доминира на насловните страници на локалните медиуми, објавува „Slobodna-bosna.ba“.


Кога станува збор за Србија, земјата е означена со терминот „избори“ (elections), што се однесува на вестите за претстојната изборна трка.

Од другите земји во регионот, Словенија е означена со терминот „тужба“ (lawsuit), додека пак  Црна Гора со терминот „поддршка“ (backing).