Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца, извести МВР

Макфакс

04/09/2026

17:10

159

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи објави измена во работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца до 14 години, со цел подобрување на услугата и ефикасност во работењето.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, каде што се издаваат „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи со изменето работно време.

Согласно измената, услугата ќе биде достапна од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 17:00 часот.

Во сабота шалтерот нема да работи.

МВР ги информира граѓаните навремено да ги планираат своите посети согласно новото работно време, со цел непречено и ефикасно издавање на одобренијата.