Прогноза за времето за утре која најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и умерен ветер. Температурите ќе бидат високи, со посебен осврт на временските услови во Скопје и најави за ветрови во наредните денови.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Времето во наредните денови
До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност. Во недела ќе дува умерен до засилен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h.








