Стела Максвел важи за една од најубавите манекенки, која ја следат бројни љубовни скандали. Таа беше едно од омилените лица меѓу ангелите на Викторијас Сикрет и неретко привлекува бројни погледи од машката публика.
Сега се појавила на 83. Венециски филмски фестивал, а за оваа пригода одлучила да облече креација која остава без здив. Таа избрала црн фустан од тантела кој откри многу – нејзината витка фигура, корсетот и црните гаќички.
Интересни беа и деталите на самата креација, како на пример долгиот шал кој се влечел по подот, но и кројот на фустанот кој ја истакнал нејзината манекенска фигура.

Изгледот го надополнила со шминка во земјени тонови, како и со брановидна фризура која многу потсетува на стилот на старите холивудски диви.

Максвел не крие дека ја привлекуваат и мажи и жени, а позната е и по својот турбулентен љубовен живот.
Таа била во врска со актерката Кристен Стјуарт, со која неколкупати раскинувала и се смирувала а била и во љубовна врска со пејачката Мајли Сајрус.

Се шпекулираше и дека во 2015 година, наводно, била во врска со манекенката Бела Хадид. Исто така, била во врска и со Џордан Барет, а ја поврзуваа и со Лијам Пејн.