Македонија е сè што имаме – СДСМ вечерва ќе прославува 35 години независност

Макфакс

03/09/2026

15:50

351

Големина на фонт

а а а

СДСМ вечерва ќе одржи свечен настан по повод 35 години од независноста на Македонија, каде ќе се прикаже документарниот филм посветен на првиот претседател Киро Глигоров, а ќе говори и претседателот на партијата Венко Филипче.

Вечерва, 03.09.2026 година (четврток) со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Филхармонијата, под слоганот „Македонија е сè што имаме“, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира свечен настан по повод 35 години од независноста.

На свечениот настан свое обраќање пред присутните ќе има претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Во рамки на настанот премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Глигоров од Македонија“, дело на Никола Т. Калајџиски и Аристид Филактов, посветен на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Пренос во живо ќе биде обезбеден на официјалните канали на СДСМ (ФБ, Јутјуб) и на официјалната страница на претседателот Венко Филипче.

Документарниот филм премиерно ќе биде прикажан во целост пред присутните гости на свечениот настан. Поради заштита на авторските права, целосната проекција на документарниот филм ќе може да ја проследат присутните во салата, додека преносот во живо ќе биде реализиран согласно законски дозволеното време и услови за емитување.