Продолжуваат средбите на претседателот на Уставниот суд со граѓаните

Макфакс

03/09/2026

15:40

182

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски продолжува да одржува средби со граѓани како дел од иницијативата за транспарентност и директна комуникација, обезбедувајќи информации за надлежностите и заштитата на правата на граѓаните.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска повторно оствари средби со граѓани, како дел од иницијативата за отвореност и директна комуникација со јавноста.

Граѓаните се интересираа за надлежностите на Судот, текот на постапките, предмети од јавен интерес и можностите за уставно-судска заштита на нивните права.

„Со продолжувањето на овие средби, Уставниот суд останува отворен за граѓаните и посветен на транспарентно и непосредно информирање за својата работа“, велат од Судот.

За средба со претседателот Костадиновски, заинтересираните граѓани може да се пријават на gragjani@ustavensud.mk, на +389 2 322 3626 или 070 332 139.