Во Клиничката болница во Тетово, пациент демонстрирал агресивно однесување кршејќи стакло и повредувајќи вработени. По интервенција на полицијата, нападнал и полициски службеник и бил пренесен на лечење во Скопје.
Вчера околу 19:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Клиничката болница во Тетово, Џ.М.(24) од с.Палатица, тетовско, откако му било побарано да изврши уплата за медицинска услуга, агресивно се однесувал и го скршил стаклото од приемниот шалтер, при што тој и уште двајца вработени се здобиле со повреди.
По интервенција на полициски службеници, Џ.М. физички нападнал и полициски службеник, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош.
Извршен е увид и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.








