Во Скопје е уапсен маж кој ја нападнал и врзал својата жена за дрво во шума, по пријава од самата жртва. МВР презема мерки и ќе поднесе соодветна пријава по документирање на случајот.
Хорор во Скопје – маж ја врзал жена му за дрво во шума и ја нападнал со тврд предмет.
Според информациите на МВР, вчера во 20:40 часот во Скопје, полициски службеници го уапсија Љ.Ф.Д.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 21-годишна жена дека во семејниот дом физички ја нападнал, а подоцна ја однел во шумски предел во скопско, каде што ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.








