Црногорската полиција ги објави деталите за предметите пронајдени кај рускиот државјанин Михаил Шабунин, осомничен за убиството на тројца луѓе на стрелиште кај Даниловград. Во шумата биле откриени оружје и муниција, а истрагата продолжува во координација со обвинителството.
Црногорската полиција објави што пронашла кај телото на Михаил Николаевич Шабунин (30), рускиот државјанин осомничен за убиството на тројца вработени на стрелиште во близина на Даниловград во понеделникот.

Фото: Црногорската полиција
Два пиштоли и повеќе од 230 куршуми муниција се пронајдени во шумата над Херцег Нови, за кои полицијата се сомнева дека ги зел од стрелиштето по убиствата.

Фото: Црногорската полиција
Полицијата пронашла и мобилен телефон, таблети и други предмети. Сè ќе биде испратено на форензичка анализа, а истрагата продолжува во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица.

Фото: Црногорската полиција
Шабунин е осомничен за убиството на Петар Глобаревиќ (24) и Немања Капор (20) од Подгорица и Момир Радоњиќ (67) од Даниловград околу 16 часот и 45 минути во понеделникот, 31 август, на стрелиштето „Чешка збројевка“. Сите тројца работеа на стрелиштето.

Фото: Црногорската полиција












