Снуп Дог нуди 10.000 долари месечно за лице кое ќе го дегустира неговиот сладолед: Работа од соништата

Точка

01/09/2026

20:13

410

Големина на фонт

а а а

Американскиот рапер Снуп Дог сподели необично видео во кое наведе дека вработува лице кое ќе треба да ги дегустира неговите сладоледи за плата од 10.000 долари месечно.

Тој наведе дека станува збор за ново работно место во неговиот бренд за сладолед „Dr. Bombay“. За да се пријавите, потребни ви се само пасош и желба да работите на оваа позиција.

Во видеото тој ги праша и своите следбеници во кои светски градови би сакале да го прошири својот бизнис. Неговиот оглас предизвика бројни коментари, а обожавателите истакнаа дека се возбудени поради можноста да заработат 10.000 долари.


„Боже, целосно сум за. Те молам, избери ме. Веднаш ќе извадам пасош“, „Нетолеранцијата на лактоза нема да ме спречи да го живеам најдобриот можен живот, вработи ме“, беа само дел од коментарите под објавата.

Снуп Дог наведе дека токму тој лично ќе му се јави на избраниот кандидат за да му ја понуди работата. Пријавувањето ќе биде отворено три недели.