[ВИДЕО] Инфлуенсерка се снимала во Танзанија како плива со желки, поради еден детаљ стана хит

Точка

01/09/2026

11:43

1.398

Големина на фонт

а а а

Блогерката за патувања Синтија Бенитез имала незгоден момент додека пливала со желки во лагуна во Танзанија. Кога посегнала кон едно од животните пред неа, друго ѝ се приближило одзади и ја каснало за задникот.

Инфлуенсерката вреснала од шок и скокнала од водата, а снимката од инцидентот брзо станала вирална на социјалните мрежи.

Трага од каснување и вирално видео

Бенитез подоцна се пошегувала во описот на видеото, пишувајќи: „Мислев дека желките се безопасни...“. Фотографија направена по инцидентот покажува црвена трага од каснување, но за среќа таа не е сериозно повредена. Видеото има повеќе од 300.000 прегледи на Инстаграм.


„Желката очигледно беше гладна“

Следбениците најчесто ја коментирале ситуацијата на шега. Кога некој напишал  дека видеото е „многу корисна“ информација, Бенитез одговорила: „Никогаш не ѝ вртете грб на желката“.


Друг корисник напишал: „Желката е сита од пластика и одлучила да ја фрли од водата“. Имало и коментари дека животното е „очигледно гладно“, како и пораката: „Таа желка сум јас во минат живот“.