Штотуку се венчаа, а Георгина и Роналдо направија уште еден голем чекор

Точка

24/08/2026

09:45

885

Големина на фонт

а а а

Само неколку дена откако Кристијано Роналдо и Георгина Родригез го кажаа судбоносното „да“ по десет години врска, во нивното семејство се случи уште една голема промена.

Имено според португалските медиуми, Георгина официјално ги посвоила трите најстари деца на Роналдо, за кои се грижи практично откако влезе во животот на славниот фудбалер.

Роналдо и Родригез ја крунисаа својата долгогодишна љубовна приказна со брак на 11 август. Венчавката се одржа во Каскаис, Португалија, далеку од помпезноста што се очекуваше од еден од најпознатите парови во светот.


Наместо голем спектакл, тие се решија за интимна церемонија во нивната нова вила, во друштво на блиски луѓе, по што го посетија светилиштето во Фатима, каде што се одржа миса.

Датумот имаше и посебна симболика – тие се венчаа десет години откако првпат се запознаа во продавницата на Гучи во Мадрид. По церемонијата Георгина откри за Вог дека во иднина планираат поголема прослава со семејството и пријателите.


Но, бракот не беше единствената голема промена во нивното семејство.

Георгина ги посвои трите деца на Роналдо

Според португалските медиуми и списанието „Хелоу“, Георгина законски го посвоила Кристијано Роналдо помладиот по свадбата и близнаците Ева Марија и Матео.


Кристијано помладиот е роден во 2010 година, додека Ева и Матео пристигнаа на свет во јуни 2017 година. Правните постапки наводно биле спроведени дискретно, подалеку од очите на јавноста. Со тоа, Георгина ги стекнала родителските права врз децата што ги одгледувала заедно со Роналдо со години. За оние кои го следат нивното семејство, таков потег можеби не е големо изненадување. Од почетокот на врската, Георгина отворено покажувала колку е блиска со децата на Роналдо и никогаш не правела разлика помеѓу нив и нејзините биолошки деца во јавните појавувања.


Денес, таа се претставува на социјалните мрежи како мајка на шест деца. Во истата година кога се родија Ева и Матео, Роналдо и Георгина го добија своето прво заедничко дете. Нивната ќерка Алана Мартина е родена во ноември 2017 година.Пет години подоцна тие очекуваа близнаци. Во април 2022 година се роди нивната ќерка Бела Есмералда, додека нејзиниот брат близнак Анхел починал за време на породувањето. Во заедничка изјава, парот ја опиша загубата на својот син како најголема болка што родителите можат да ја почувствуваат, а подоцна отворено зборуваа за тоа колку нивното семејство им помогнало да го пребродат тешкиот период.

Со текот на годините, Георгина стана важна фигура во животот на сите деца на Роналдо, а нивното големо семејство редовно се појавува на нејзините социјални мрежи и во реалното шоу на Нетфликс „Јас сум Георгина“.

Нивната љубовна приказна започна во 2016 година во Мадрид, каде што Георгина работела како продажна консултантка во продавницата на Гучи. Средбата со еден од најпознатите фудбалери во светот целосно го промени нејзиниот живот. Во меѓувреме, таа изгради свој бизнис и медиумски идентитет. Стана инфлуенсерка со десетици милиони следбеници, заштитно лице на бројни луксузни брендови и ѕвезда на сопственото шоу на Нетфликс.