УХМР најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер за време на викендот, со можност за појава на град, особено во делови од котлината и Скопје.
За време на викендот времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Скопје, за време на викендот времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.








