[ВИДЕО] Њукасл плати 52 милиони фунти за седмото засилување во овој преоден рок

Дерби

27/08/2026

07:01

273

Големина на фонт

а а а

Њукасл се одлучи да ја обнови екипата оваа лето, остана без значајни играчи, но и доведе доста нови имиња од кои последното доаѓа од Манчестер Сити.

Нов член на клубот од „Сент Џејмс Парк“ е 24-годишниот Нико Гонзалес кој потпиша повеќегодишен договор.

-Навистина сум среќен што сум тука во овој неверојатен клуб. Слушнав само најдобри зборови за клубот и градот, па затоа сум навистина возбуден што живеам тука и што сум дел од овој проект. Веќе го сакам црно-белиот дрес и едвај чекам да почнам да го носам на теренот за овој клуб.

-Двапати играв на „Сент Џејмс Парк“ со Манчестер Сити и беше навистина тешко. Атмосферата беше неверојатна, а навивачите се толку страствени. Едвај чекам да го доживеам тоа како домашен играч, -порача Шпанецот кој е дете на Барселона.

Тој ќе го носи дресот со број шест, „страчките“ за него ќе издвојат 52 милиони фунти