[ФОТО] Поранешната девојка на Џејкоб Елорди се гледа со познат тенисер: „Хемијата меѓу нив е очигледна“

Точка

25/08/2026

15:03

285

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Оливија Џејд и тенисерот Тејлор Фриц се гледаат веќе неколку месеци, но извори блиски до парот велат дека нивната врска сè уште не е официјална. Повеќе упатени извори потврдија дека парот ужива во заеднички поминатото време, но дека не се во љубовна врска.

Извори: Хемијата е очигледна

Еден од изворите тврди дека двајцата навистина си одговараат и дека одлично се забавуваат. „Хемијата меѓу нив е очигледна“, додаде изворот. Друг извор вели дека Оливија има свој тип на мажи во кој Фриц целосно се вклопува. „Многу си се допаѓаат еден на друг, но моментално само уживаат во дружењето и не се оптоваруваат со тоа во која насока ќе се развива нивниот однос“, објасни изворот.




Гласините за романса за прв пат се појавија во мај, откако беше објавено дека инфлуенсерката и тенисерот биле видени заедно во клубот „The Bird Streets“ во Лос Анџелес, каде делувале многу блиски. Додека во јули заедно биле на венчавката на тенисерот Томи Пол и Пејџ Лоренце. Исто така и овој понеделник повторно биле видени заедно, што дополнително ги поттикна шпекулациите за нивниот однос.

Претходни врски

Фриц е сингл од април годинава, кога раскина со Морган Ридл. Додека Џејд во септември минатата година стави крај на долгогодишната турбулентна врска со актерот Џејкоб Елорди.


Минатата година ја поврзуваа и со актерот Глен Пауел со кого била забележана во Њујорк.


Во мај годинава Џејд го претстави својот козметички бренд „o.piccola“, додека Фриц од друга страна се подготвува за своите спортски обврски. Како десетти тенисер во светот ќе настапи на Ју-Ес Опен, кој започнува на 30 август во Њујорк.