Вечерва ќе се прска против комарци на критичните подрачја во Кисела Вода

Макфакс

24/08/2026

15:10

107

Големина на фонт

а а а

Градот Скопје и општина Кисела Вода вечерва ќе спроведат акција за третман против комарци на критични локации со цел заштита на граѓаните и спречување на нивното размножување. Акцијата ќе се спроведува со специјализирано возило, а граѓаните се замолуваат да ги затворат прозорците и вратите во тој период.

Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува редовна акција за дезинсекција.

Како што извести градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците.

„Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 часот, па сè до целосното опфаќање на критичните места на општината, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци.

Оваа интервенција се надоврзува на досегашните активности. Имено, Кисела Вода досега изврши 3 третмани против возрасни комарци и 1 акција за сузбивање на ларви, како и Град Скопје, кој досега изврши вкупно 14 дезинсекции.

Уште еднаш ги потсетуваме пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради вечерашните активности.

Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, ги замолуваме граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови“, соопшти градоначалничката.