Ако сакате да ја претворите бањата во мала оаза, размислете за додавање на овие растенија.
Пронаоѓањето на вистинското растение за секој простор во куќата не е лесна задача. Без разлика колку се убави, не можеме да избереме растенија само врз основа на естетската вредност туку треба да ги земете предвид и различните услови што ќе му овозможат на вашето растение да напредува.
Нивото на влажност, како што се условите на светлина и потребите за наводнување, се високо на таа листа. Токму ова го отежнува наоѓањето на совршеното растение за вашата бања, која може да има прекумерна влажност.
Бостонски папрат

Садењето бостонски папрат може значително да ги намали нивоата на влажност, создавајќи поудобна средина. Обезбедете што е можно повеќе влажност и внимателно следете ја почвата за да се осигурате дека растенијата остануваат постојано влажни.
Англиски бршлен

Англискиот бршлен е лесен за одржување и може да напредува во топли, влажни средини. Ова растение е „познато по своите лози и елегантни лисја“. Активно ја апсорбира влагата, помагајќи во борбата против влажноста и со тоа го намалува ризикот од појава на мувла.
Спатифилум

Ова растение има бујни зелени лисја и впечатливи бели цветови, кои оставаат впечаток во секоја просторија. Покрај тоа, има одлична функција кога станува збор за подобрување на квалитетот на воздухот, пишува „Best Life“.