Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа, тотална неспособност на Клековски и Мицкоски

Макфакс

23/08/2026

12:20

238

Големина на фонт

а а а

Статусот на западнонилската треска во Македонија доведе до повици за итни мерки од страна на СДСМ, која ја обвинува власта за пропуштени навремени реакции и неприменување на соодветни мерки за контрола на епидемијата и заштита на здравјето.

СДСМ обвинува задоцнета реакција на власта против западнонилската треска

СДСМ обвини дека властa задоцнето реагира на здравствената криза со западнонилската треска и дека институциите немаат капацитет навреме да го заштитат здравјето на граѓаните.

Поврзана епидемија и водна криза во Гостивар

На прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, ги поврза актуелната епидемија од западнонилската треска со кризата со водата во Гостивар, оценувајќи дека заедничко за двата случаи е, како што рече, доцнењето на реакцијата на власта.

„Повторно задоцнети реакции, пропусти, нема одговорност. Дури и со прскање на комарци закаснија. Резултатот е Македонија е земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител. Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) стапка на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија. Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице. Во критична состојба се наоѓаат уште четири лица. Меѓу хоспитализираните има и едно помладо лице на 25-годишна возраст. Речиси секојдневно се примаат нови болни. Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција. Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности“, кажа Цветаноски.

Предлози за борба против епидемијата

СДСМ бара формирање Национален оперативен штаб, изработка на национална GIS-карта на епидемијата и ризикот, како и интензивен ентомолошки надзор и тестирање на комарците за присуство на западнонилскиот вирус.

Партијата бара и мапирање и уништување на местата за размножување на комарците, интегрирана контрола на векторите, како и објавување дневни извештаи за состојбата и проценка на ризикот на територијата на целата држава.