[ВИДЕО] Бизарна снимка од Хрватска: Сакал да се „пресмета“ на патот, другиот возач го удрил со автомобил – „Секогаш има некој полуд“

Точка

22/08/2026

18:10

850

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се прошири снимка од жесток конфликт меѓу двајца возачи, кој бил забележан во Хрватска, поточно на локацијата Мост-Раша во близина на Лабин, во Истра.

На видеоснимката се гледа како два автомобили стојат запрени на патот. Возачот на првото возило излегува надвор, го отвора багажникот и од него зема непознат предмет, за кој се претпоставува дека станува збор за палка или шипка, па тргнува кон автомобилот што стои зад него.

Меѓутоа, ситуацијата добива неочекуван пресврт. Возачот на вториот автомобил нагло тргнува наназад, свртува во левата сообраќајна лента и со автомобилот го удира мажот кој му се приближувал, исфрлајќи го на патот. Веднаш потоа продолжува да вози и се оддалечува од местото на настанот.

Засега не е познато што му претходело на овој инцидент, кој точно предмет го извадил мажот од багажникот, ниту дали во настанот имало потешко повредени лица. Снимката прва ја објавила популарната страница на Фејсбук „Prometne zgode i nezgode“.

Објавата собра огромен број реакции и коментари, а повеќето корисници на социјалните мрежи застанаа на страната на возачот кој го употребил автомобилот за да избегне потенцијален напад.

„Секогаш има некој полуд“, „Така и треба, што друго очекуваше?“, како и „Кога ти е мерак да глумиш опасен и мислиш дека можеш да шириш страв, ќе дојде и твојот момент“, се само дел од коментарите под видеоснимката. Еден од корисниците се пошегувал и на сметка на марката на возилото: „А потоа велат дека „Volkswagen“ не чини. Го исфрли од чевлите“.

Додека едни во коментари истакнуваат дека реакцијата на вториот возач била самоодбрана, други предупредуваат дека без целосната снимка не е можно да се знае што точно ја предизвикало ваквата опасна пресметка на патот.