Воведени 28 нови авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации

Нетпрес

23/08/2026

12:37

1.302

Големина на фонт

а а а

Со новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко.

Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро и Палермо.

Од Охрид пак, новите линии ги поврзуваат граѓаните со Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена.

Подобрата поврзаност е важна и за економијата. Поголемиот број директни линии може да придонесе за развој на туризмот, особено во Охрид, но и за полесно поврзување на домашните компании со странски партнери и пазари.

Проширувањето на авиомрежата е дел од заложбите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поголема мобилност, повеќе можности и посилно поврзување на Македонија со Европа и светот“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.